понекогаш (прил.) - господин (имн.)

И уште ова: понекогаш господинот Призрак упаѓа во таква специфична состојба што не може да изусти ниту збор; при таквите случаи, кога состанокот на Силите на Доброто веќе е закажан или неопходен, господинот Призрак, во својот замок-музеј, наредбите ги пренесува или со помош на со сенки испишаните букви по ѕидовите, или уште понеобично: со помош на низови од слики (скоро како стрип!) кои доволно јасно (иако понекогаш потполно неја­сно, па доаѓа до хаос!) објаснуваат што всуш­ност (Бедмен, Мики Хаос и Јанус) треба да направат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Понекогаш господинот Гроздановски правеше намерни грешки, смислени, со намера да го провери неговото поведение, па дури и да го збуни, но грифонот никогаш не пропушташе да ја поправи неговата грешка без оглед на тоа дали била намерна или не.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ТАЈНАТА ВЕЧЕРА -Ако на глава ти се помоча лилјак, ќе оќелавиш - му вели господинот Сенка на Дипигус, вообичаено страшно смеејќи се.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)