понекогаш (прил.) - ѝ (зам.)

Во разговорите со жените, со кои носи муниција и храна и пренесува ранети, а понекогаш ѝ се случувало и да закопува убиени, најчесто се велеше: - Лошата вест сама брзо ќе стигне и ќе те удри тогаш кога најмалку се надеваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Понекогаш ѝ раскажуваше за Одделот за документација и за безочните фалсификати што ги правеше таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш ѝ се јавував на Јасна во Белград, често на Маја во Ithaca, која ѝ се јавуваше на Хатиџе во Сараево, ѝ се јавував на Андреа во New Haven, која често му се јавуваше на Игор во Осиек, Горан во New York, кој ѝ се јавуваше на мајка си во Мостар...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понекогаш ѝ забележував фосфорен ѓердан околу вратот, но штом внимателно се загледував, сфаќав дека тоа не е ѓердан, туку скорпија која се лизгше кон косите и во нив исчезнуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Навистина така мислиш?“ ѝ рече, а кога таа потврди со главата, се насмевна уште еднаш и со онаа иронија, која понекогаш ѝ се чинеше дека ја има само овде, на Балканот, промрморе: „Никој не е доволно заштитен од судбината на својот народ...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекогаш ѝ се чинеше дека никогаш нема да ги сфати овие луѓе, помисли отпивајќи голема голтка кафе од шолјата со американско знаме.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш ѝ фрлав паричка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Имаше една Циганка во нашето село, ја викавме Ема и таа често доаѓаше кај нас и понекогаш ѝ помагаше на баба ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)