понекогаш (прил.) - му (зам.)

” Понекогаш зборовите му беа тврди како камен: чиниш ги чувствуваш како те удираат; понекогаш му беа меки и милозливи што како пролетно ветре ти ја галеа и раскрилуваа душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја поткрева главата од перницата и погледнува низ прозорецот да види каков е денот; понекогаш му е сè едно дали и сончев или дождлив, добар или лош, како што му е сè едно на затвореникот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш му се чини како сите денови од понеделник до недела да се слеани во еден: станување, миење, пиење кафе, појадување, одење во градината, подработување во неа или седнување под борот и втонување во албумот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
СЛИКА: БАБА МУ ДЕПА Баба му Депа и дедо му Аврам се слагаа во сѐ: како грнче и поклопче; како оган и мраз: тој пали, таа гаси; ако тој нешто ѝ подвикнеше или ја потскараше, таа само ќе му се насмевнеше и ќе го разоружаше; а понекогаш му препушташе да биде по негово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само не мораше да одговори зашто Петре прво ќе го прашаше: „Ова ти го знаеш или не го знаеш?“ Попот понекогаш му велеше: „Уха, го знам“, или ако не беше сигурен ќе кажеше што знае.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но и кога порасте, пак понекогаш му се јавуваа некои женски манири останати од порано, и од кој не можеше лесно да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекогаш му се чинеше дека ја загубил границата меѓу јавата и сонот. Што беше реалност?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кутриот мој брат, се разжалостив, може да настине, може да се разболи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема кој да води сметка за него, нема кој да го покрива ако неочекувано заспие, како што тоа понекогаш му се случува, да чита, да чита во кревет и да заспие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш му велам, добро де, еве затвори, јас ќе ти се јавам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури понекогаш му се чинеше дека го мрази...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сепак, иако градите му се пони со свежина, иако снегот под него весело крцка, воздухот понекогаш му затреперува пред очите. – на градскиот заробеник потребно му е време да се привикне на слободата – си се потсмева и храбро продолжува натаму.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)