понекогаш (прил.) - сака (гл.)

Ама што ќе правиш: понекогаш сакаш и лагата да е вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно тоа ќе беше по ред, тоа на крајот таа го заслужуваше, - но вие ќе разберете дека човек понекогаш сака да избега од редот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак, понекогаш сакаше да се обиде да му објасни колку работи ѝ пречат, ја притискаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тешка е оваа ситуација. Понекогаш сакам да пропаднам во темната и ровка земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)