помалку (прил.) - работа (имн.)

Сите веруваат дека ако се криеш сам, ти треба помалку место за криење. А и помалку работи имаш за криење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не помалку работа Камилски си имаше во изборот на карактеристичните заемки од прилозите за време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, сепак, се определи за: апансас, ненадејно, неочекувано, одненадеж; ачик, отворено, јасно; анџак, само, баш, штом, единствено, одвај, бидејќи; аџеле, брзо, набрзина, итно; ашиќаре, јасно, отворено, очигледно; бадијава, евтино, бесплатно, џабе, залудно, попусто; барабар, напоредно, заедно; башка, одделно, посебно; бамбашка, сосем одделно, посебно; бизбизе, помеѓу нас, во четири очи; бирден, наеднаш; еписи бир, сеедно; дармадан, несредено, растурено; ѓоа, ѓоја, божем, како да; јанлаш, погрешно, неточно; кастиле, намерно; нафиле, залудно, напразно; сербес, слободно, спокојно, мирно; тамина, од око, приближно; топтан, вкупно, наеднаш, на големо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој правеше сѐ помалку и помалку работи, додека на крајот одвај ќе го подигнеше прстот за да стори нешто за себеси.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама тогаш луѓето повеќе паметеа, оти помалку работи имаа за паметење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мрзлив неранимајко! Тој го искушуваше трпението на персоналот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)