половина (прил.) - пат (имн.)

Издржи... ми вели, веќе на половина пат си, при крај си веќе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Нешто не е в ред?” запраша госпоѓа Морис. „Сврдле заринкал. На половина пат. Кога би можеле барем да го провлечеме, би било лесно. По него би можеле да излезат и останатите.“ 56
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
1. Отворајќи се на север, спрема Прилеп, точно на половина пат од Прилеп за Битола, среде пространо поле се издига една безимена, неголема и не многу висока потковица од ридови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Михали, на возраст на половина пат меѓу нас и Фоти, нѐ маѓепсуваше со приказните за борбата, за комунистите, за Сталин, а и со стравот што ни го влеваше дека нему и на Фоти може нешто да им се случи ако тајно не заминат за Македонија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И тргнавме. Одиме ние и одиме и некаде, ми се чини на половина пат, по неколку часови пешачење, нѐ фатија и назад во Браилово, во плевните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Римелот во раката ѝ остана на половина пат до окото што имаше намера да го намачка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)