полесен (прил.) - почне (гл.)

А Рада користејќи го мигот на смирени емоции полесно почна да ја отвора браната со цел да се намали притисокот кој веќе со денови ја притискаше како тешка мора.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)