полека (прил.) - полека (прил.)

Кога првпат овде вака се капев, надвор сѐ беше замрзнато.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другата година забремени, го носеше работеше, полека полека се породи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Полека полека се затворавме во себе оти на располагање имавме само едно полугодие па индивидуалните можности се ставија на прво место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе почнеш казмата ти е како пердушка во рацете, а после полека полека како со олово да ти ја полни некој. - Вистина, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Полека полека порасна до една година.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отла рече: “Биди среќна што дојде овде во лето, па полека полека ќе се навикнуваш на ваквите капења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)