полека (прил.) - по (предл.)

Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Соколе слегува полека по патчето кон градот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Гледа Богдан низ вратата кон небесното синило во кое му се чини како да му се отвора небесна врата и тој полека по воздушни скали се искачува кон неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ИЛИЈА: Рашетувајќи се, ја видов мајка ти кај излегува и јас полека по неа да видам кај ќе оди.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Благодарам за чантата. - Догледање, - реков јас и тргнав полека по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)