полека (прил.) - чекори (гл.)

Кузман полека чекореше. Рацете му беа завлечени во длабоките џебови, паларијата - зафрлена на тилот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Полека чекоревме. Под нозете ни шумеа лисјата: нивниот сув, остар шум језовито ги пригласуваше моите зборови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако полека чекореше низ нивата без шапка, понекогаш довикнуваа: „Еј, сакаме и шапката да ја ставиш!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)