полека (прил.) - умира (гл.)

Тивко, полека умира по еден дел од мојата душа.. а ти молчиш нигде и никаде глас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Полека тонат ко во жива песок, црни мисли во сумракот се бореа, полека умирајќи во бескрајот... Црни мисли во бескрајот ТОНАТ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ненадарениот Трошчејкин “полека умира” од страв.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Погодив дека твојата љубов нема корен, дека нејзините цветови полека умираат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствувам празна надеж, гнила химера, чувствувам како телово ми гори во инферно, тонам во празнина, кавитација, длабока шуплина, го достигнав врвот а се чувствувам осамено, зошто со мене ја понесов омразата, злобна пизма, не сонувам и полека умирам на осамениот врв на вечноста.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наутро ни Наполинка, ни колиба. Лежат на камен искасапени и полека умираат. Напладне, еве ти еден овчар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)