полека (прил.) - тргне (гл.)

Полека тргнав кон мојот дом. Чекорев бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги загледував среќните лица на луѓето по улиците; во оние лица кои имаа несреќен поглед, и спуштени усни, го препознавав своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вслушуваа кон дишењето од другиот крај на пештерата, и кога се уверија дека сите други спијат, полека тргнаа и излегоа од пештерата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој слезе по скали, полека тргна по калдрмисаната патека, подведен уште повеќе од тежината на куферот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога ја наполни до пола вреќата со компири, зема брашно од ноќвите во другата вреќа ја наполни до пола, па така натоварен полека тргна кон групата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие едно по друго и колебливо станаа и полека тргнаа додека подолу не почнаа да трчаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)