полека (прил.) - почнува (гл.)

Застанува навален на ѕидот. Пауза, Полека почнува да се движи кон излезната врата. Долга пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Влегувам во такси и го чувствувам пулсот како ми удира во главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Си замислувам дека сум пропаднал во Зоната на самракот, гледајќи како реалноста полека почнува да исчезнува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш полека почнував да сфаќам, иако не сосема, во кој правец одат неговите мисли, какви сѐ претпоставки исцртува неговиот ум и какви заштитни планови обликува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По тепачката, Нумо, полека почнуваа со откорнување на ноктите. Сеедно дали од нозете или од рацете. Болката е иста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)