пол (прил.) - пат (имн.)

А куќата на пола пат по удолнината, од десно. Втор ред до плажа, ама ем сместување, ем ресторан!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На пол пат од брегот повторно го виде кружниот агол и двете светли точки како сјаат во ноќта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше упорен како река, ги донесе козите во градот заедно со луѓето и не сакаше да остане на пол пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние веќе бевме тргнати за Солун, вели човекот, ама од пол пат нѐ вратија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но единствено што можам да ти речам е: ти како Албанец од Македонија, како амбасадор мораш да работиш двапати повеќе од другите, а јас како Македонец, морам да работам еден и пол пат повеќе од другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој конечно се реши Србина да го слика Фотографот тргна да застане пред него со апаратот, но од пол пат се врати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)