поинаку (прил.) - ќе (чест.)

Да бевте член на Партијата, поинаку ќе се разберевме.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па и да не биде по старо, нема да биде како што е сега, некако поинаку ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поинаку ќе зборуваш само со разумот, а не и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А тој, како да знае сѐ, само ме погледна благо, ме погали по косата и рече: „Оној кој макар еднаш ќе погледне со очите на ѓаволот, негов ученик ќе стане, и сите слова поинаку ќе ги гледа, додека му е душата во телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земи и запали еден оган, и викни десет зографи да го нацртаат: та нели секој од нив поинаку ќе ги обои пламењата, поинаква форма ќе им даде и поинаква големина?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мило му беше, но поинаку ќе се однесуваше ако знаеше како изгледа Орелска Чука и пред какви опасности се наоѓал неговиот Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу повеќе отколку тогаш. Разбираш? Доцна беше. Како со прстенот – ѝ спомнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да беше порано, поинаку ќе бев среќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеби овде поинаку ќе размислува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И дали навистина можам да си претпоставам кој од нас двајцава има право да смета дека се наоѓа на вистинската страна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене нема потреба да одлучувам, мислам дека имам одлучено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар поинаку ќе постапував ако знаев дека иследникот веќе има заклучено оти му се остваруваат намерите? Или обратно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Слушај, - свика тој, - уште еднаш ако сими спомнал мајка, или татко, со тебе поинаку ќе разговарам, да знаеш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можам да отидам на компјутерот и да се обидам да си го исчукам стихот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш ќе биде гладен и можеби поинаку ќе размислува, ќе ме искара малку затоа што сум го вознемирила додека пишувал и потоа ќе се смириме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но подоцна поинаку ќе биде. Ќе му дојде на сѐ редот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби другите поинаку ќе го наречат; сите ние различно си ги замислуваме нештата, си измислуваме свои имиња за работите што ќе нè изненадат, но за мене, она што го мислам беше и си останува како ѕид на времето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)