поинаку (прил.) - го (зам.)

Не, тоа не беше исто. Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа 'ржена постела, потоа плачеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во повеќето општества на земјата постојат методи, со коишто луѓето го сфаќаат животот низ радикално поинакви реалности, поинаку го сфаќаат времето, низ ритуали и слични начини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа ’ржена постела, потоа плачеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Без очила некако поинаку го гледа, а и лицето ѝ е различно, како што им е различно на сите луѓе кога ќе ги извадат очилата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога требаше да почне нова реченица, дишеше низ нос или кога ќе ѝ се истрошеше здивот, пак го употребуваше носот за да земе нов и продолжуваше со мислата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега сето тоа поинаку го сфаќам, и знам што сакал да рече добриот стар учител.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бргу изнаредив повеќе дрва за побргу да се испече лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Оние што размислуваат, поинаку го гледаат светот од оние што не размислуваат“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)