подоцна (прил.) - разбере (гл.)

Многу подоцна разбрав декатој си имал неискажана, неодредена, ненаметната желба, некој од нас да ја наследи и да ја продолжи потрагата по тајните на сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најмногу ги споменуваше душманите, мислејќи на Турците и на Фанариотите за кои дури подоцна разбрав оти тие биле грчки попови и гркоманите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕвезда сигурно многу се израдува поради Килета, зашто како што подоцна разбравме, таа го сакаше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)