подоцна (прил.) - прерасне (гл.)

Размислувајќи за овие недоречености, Филип Д. на крајот сепак оцени, (а оваа оценка подоцна прерасна во заклучок) дека е сосема прифатливо настаните од овој вид да бидат најавувани, подготвувани и водени токму на ваков начин.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Врв помеѓу делата од индиската фаза се Сонати и интерлудии (1946), обичен циклус со медитативен карактер со форми кои се повторуваат(сонати) и кои не се повторуваат (интерлудии).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа првобитна интуитивна наклонетост подоцна прерасна во вистинска страст и стана дел и начин на Кејџовиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во исто време започнува и Кејџовото сѐ поголемо интересирање за источната филозофија во која на почетокот го привлекуваа “еротиката и мирот, двете во индиската традиција постојано присутни чувства”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)