подобар (прил.) - го (зам.)

Тоа тој подобро го знаел од нив.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак чиниш Су подобро го знаеше неговиот јазик одошто тој нејзиниот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фабриката ќе биде сѐ пороботизирана, никој веќе нема да работи за пари, за она што машината или компјутерот подобро го работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Томо, имам еден предлог, го започна разговорот Рада, потпрена на нивната клупа во паркот, мислам дека подобро го познаваш Скопје и ќе можеш да ми помогнеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
“А Иван Гарванов - пишува Шатев - многу добро го знаеше Орце Попјорданов уште како ученик, а уште подобро го запозна откако имаше можност потоа да се среќава со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така рабинот веруваше дека градот според кој е именувана неговата синагога, не е нужно да го познава од лично искуство, дури веруваше дека подобро го знае во неговата дијахрониска и внатрешна димензија од списите што ги наоѓаше во својата и во другите библиотеки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега е сечие, а најнапред на оној кој подобро го носи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)