подготвен (прил.) - востание (имн.)

Треба да се одбележи дека Делчев ослободувањето на Македонија го очекувал од едно општо, добро идејно-политички материјално подготвено востание, но во рамките на тоа средствата со кои планирале да се послужат гемиџиите тој не ги исклучувал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, додека организацијата сметала дека ослободувањето на Македонија ќе може да се оствари само преку едно добро подготвено востание на обесправените и угнетени маси, дотогаш гемиџиите не сакале да имаат никаква врска со масите и на масовната борба и ги спротивставувале индивидуалните револуционерни акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)