повремено (прил.) - фрла (гл.)

Повремено фрлаше куси, дискретни погледи кон авторот кој знаеше дека овој се труди да види кој е натрапникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На почетокот на првата средба, тие започнаа со силна расправија, секој презентирајќи различни ставови и контра­ставови; само повремено фрлаа кратки ­погледи кон мене.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ен и Џон Џон и Ен, пар кој се разделува, побараа тераписка помош за да ги решат своите големи конфликти околу обврските и односот со децата, и околу распределбата на имотот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има само едно дрво на крајот од нивата но под него седат кметот, жена му и децата; кметот дреми и повремено фрла поглед кон аргатите да види дали жнеат и колку ожнеале; под сенката лежи и нивното куче кое збивта со издолжен јазик и измеќарот кој се врти околу огнот и му вари кафе на кметот; крај стеблото е врзан коњот кој стои како отепан од бога; ниту јаде, ниту помрднува, а само повремено плуснува со опашката терајќи ги мувите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)