повеќепати (прил.) - го (зам.)

Ова нејзино кажување, кое­што повеќепати го повторуваше, секогаш предизвикано од самите настани, не ја открива само суштината на нејзината храброст да се соочува со неизбежните настани во историјата на нашето бегалско семејството туку и вербата во мајкината метафизичка верба, во нејзината натфизичка сила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа лично му го рекол директорот Мирон Донски, кого повеќепати го споменуваше во сонот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Обично се вели дека балканската историја, поради нејзините силни и непредвидливи налети, посилни од моќта на луѓето да ја припитомат, таа најчесто на индивидуален и колективен план се одвива и низ парадокси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова и самиот повеќепати го искусив во својот живот, посебно во моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќепати го оставаше весникот незадоволен, дека не наоѓаше ништо да го пренесе во нејзина близост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)