повеќе (прил.) - работа (имн.)

Имаше повеќе работа со прилозите за количина, тој овде запре на заемките: баеги, прилично, доста; ич, ништо; ексик, помалку од мерата; ептен, сосем, наполно; коџа, прилично, доста, многу; тамам, точно по мера; фазла, повеќе, и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не помалку работа Камилски си имаше во изборот на карактеристичните заемки од прилозите за време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тоа, да се биде најдоверлив Максимов човек, се нема никаква полза, само повеќе работа и повеќе грижи од другите, но не знае што ќе си стори и не знае што ќе стори друго, засигурно ќе го отепа Хаџи Ташку, ако му рече Максим дека се покажал недостоен и затоа го откажува од старешинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така „цврстината“ на Porte-bou-telles е во контраст со повеќекратните интерпретации на Roue de Bicyclette, со изненадувачка мешавина од повеќе работи во Why Not Sneeze? или со префинети асоцијации-супституции во View.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Земи ме барем и мене, викам, за да немаш повеќе работа кај мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Останатите, кои не останаа неосквернати (исправените редимејди), полесно ја откриваат играта на трансформации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Притоа, ако јас бев како другите девојки ќе го искористев да дознаам што повеќе работи за Стомачето, па истите да си ги употребам како уцена во врската, сѐ со цел јас да бидам во предност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој е отскоро дојден, некаков интересен Французин од Ломбардија. (Да (за него слушал повеќе работи), помошник-директор на банката, има жена убавица (за неа знаат сите мангупи во градот).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)