повеќе (прил.) - никој (зам.)

Беа како напуштена фаланга на која повеќе никој не смета Во текот на целиот месец минат во Бањица, во воена касарна, нѐ будеше звукот на војничката труба, како повик некаде да се замине, како во сите воени походи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие за државата си го отслужија своето, си ја добиваа заслужената пензија, на нив повеќе никој не можеше да смета, освен тие на самите себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И вистина така излезе. Неделко Сивески повеќе никој не го виде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе никој не знаеше за каков попис се работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)