повеќе (прил.) - ужива (гл.)

Храната што овој човек ја јаде има само еден недостаток за кој тој не е свесен: страшно многу одпад останува така што колку што ужива во јадењето двојно повеќе ужива во фрлањето на отпадоците што сепак заплашуваат да го задушат со сето свое смрдливо испаливо гниење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Песната беше неочекувано добро, дури восторжено, примена од критиците во литературната дружина, што инаку несомнено повеќе уживаа да срежат некоја жалосна творба на духот, да ја исмеат заедно со нејзиниот творец, отколку да ѝ признаат какво да е достоинство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Што си рече понатаму? - го поттикнуваше таа дијалогот, макар што повеќе уживаше во тоа што тој тапка во место одошто во вкусот на вињакот чија чашка само ја лишкаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)