плашливо (прил.) - го (зам.)

До она што порано плашливо го примив во мали дози, обезбедувајќи се од нејзината зараза.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чавка плашливо го пречекори прагот и следна на самиот раб од фотелјата, како да се плаши да не ја извалка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)