оттогаш (прил.) - небаре (прил.)

Погледот запираше на родното градче Поградец, почетната точка на последниот егзил на татковото семејство во далечната 1942 година, кое оттогаш небаре осудено на припадност на земја без враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оттогаш небаре самото негово постоење станало некако поисполнето, небаре се оженил, небаре уште некој човек се нашол покрај него, небаре не бил сам, небаре некој пријатен другар се согласил да го минува со него животниот пат, и ни тој пријател не бил никој друг туку оној шинел дебело поставен, со цврста постава за долго носење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)