оттогаш (прил.) - никој (зам.)

Оттогаш никој не се осмели да му се потсмевнува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оттогаш никој не можеше да ги стави во погон. ’Рѓосаа на брегот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттогаш никој повеќе не го виде А. Соседите бргу го заборавија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оттогаш никој повеќе не ја читаше. Остана заборавена во подрумот во кутија со стари книги.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оттогаш никој веќе не го виде додека по некое време не се разбра дека станал арамија и пљачкосувал секаде по Битолско.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оттогаш никој не го видел повеќе жандармерискиот наредник од под мостот, во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арно ама, штом кучето му го видело синџирот в раце, спрснало да бега и оттогаш никој повеќе не го виде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)