оттаму (прил.) - го (зам.)

Дизајниран е така што да потсетува на голем логор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се погледнува на огледалото од порт-мантото: оттаму го гледа едно туѓо лице, згаснати очи, длабоки подочници, побелена и разбушавена коса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако луѓето се собраа, запалија свеќи и му се помолија на Бога секој за себе, Петре Питропот дојде на пцалтирницата и оттаму го прочита Апостолот за Свети Никола и со тоа службата заврши.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Постои некаде во мракот на сцената, а веројатно оттаму го влече и своето име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)