отпосле (прил.) - ќе (чест.)

Птиците преселници често ги фаќа дремка, па дури отпосле ќе разберат дека градот станал арамиско гнездо – што окото ќе види, раката ќе дрпне.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
во фурните повтор бол да се пече било што било, а што ќе биде не те прашаат што си видел не си видел и од отров како се прави слатко параден марш на стрвни црви и волци свечен танц на испотени надежи божем смртта никогаш не им е наменета на невините не запираат крадците на чисти души и небото немоќно пред нив грчи рамена колкав толкав животот за добивка се броел туристичките водичи отпосле ќе раскажуваат дека зад бодликавата жица славејот севезден колва од радоста на победата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Синчето не се предава: го повторува прашањето илјадапати, не дозволува поука, се дрзнува да допраша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)