остро (прил.) - го (зам.)

Продолжително, остро го изгледа, Велета, тргајќи силно од својата цигара, без да забележи дека таа е угасната.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бино ги кладе рацете одѕади и остро го погледна дрскиот колега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Глигор остро го пресече: - Кога ќе ги фрлам плочите, тогаш грабај, чакал несреќен!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Велиш душкаат - остро го прекина - а зошто ти не преземеш нешто за да ги спречиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш Рашела го фати намигањето на моите постари браќа, што мајка ми, и самата во тој миг влегувајќи во кујната остро го пресече, подавајќи ѝ го на Рашела лонецот за млеко, и растерувајќи ги нив по нивните соби, испраќајќи ги со викање дека по цел ден се излежуваат и дека дома ништо не помагаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ами нешчо друго да направиме, ќе ме послушаш ли ти мене? — го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кадијата му се приближи на попот, кој тргна кон него и остро го поздрави: – Лоша ти среќа, црноризец.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не запирајќи со свирењето, гарнетчијата остро го турна со лактот дајреџијата, кој седеше до него и полека, замислено играше со двата прста по белата кожа на дајрето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)