особено (прил.) - подложен (прид.)

Но, има и други причини поради кои геј-мажите умеат да бидат особено подложни на романсата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја наткрилува болештината на изопаченоста и ја разводнува патолошката дамка на гејството во велелепието на среќната двојка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Романсата ја искупува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како геј-идентитетот, романтичната љубов – особено кога настапува како вистината на нашите најдлабоки чувства, како некој вид цврста емоционалнa подлога – овозможува алиби и покритие за срамните подробности на геј-сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите умеат да бидат особено подложни на митот за романсата, а оттука и особено да им треба ироничното гледиште за љубовта што им го дава машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговото дејство го лишува љубовникот од секакво чувство дека има контрола врз своите емоции и постапки, а со тоа и го ослободува од секаква одговорност за сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оневозможувајќи му ја на љубовникот перцепцијата дека однесувањето во љубовта му е, всушност, изведба – а не неволев резултат од некој севозможен импулс – романтичноста ја претвора љубовта во неизбежна судбина. Plus fort que moi (‘посилно од мене’ или ‘ме тера’): тоа е геслото на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Романсата ни овозможува да избегаме од секаква свест за општествената чудност и неусогласеност на хомосексуалноста; таа нѐ навраќа на невината самоникнатост на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)