особено (прил.) - тој (зам.)

Особено тој настојуваше, штом ќе седнеше на маса, околу било што... оддиплувајќи ја салфетката...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Прво да им бидат на нишан андарите и особено тој Куцомолис, некои двајца Македонци гркомани и грчкиот владика Стамнатијадис.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)