особено (прил.) - ме (зам.)

На тоа особено ме наведе неговото прашање: „А, што рече?, кога јас ништо не реков, ниту пак одговорив на тоа прашање кое тој го продолжи со нем испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тешко ми е понекогаш, особено ме потресуваат овие непријатности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И многу други нешта ме нервираат, некои кои до неодамна не сум ги ни забележувала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ми вели дека сум права пубертетлика, и тоа особено ме нервира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За мене Јана беше синоним за „цар во кошарка”, а пак за брат ми беше директна асоцијација на најубавите колачи и торти што тој ги обожаваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И онака тренинзите во мојот клуб „Соколи”, беа прекинати летово, што особено ме правеше несреќна, па одржувањето кондиција добро би нѝ дошло на двете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имам јас огледало, а имам и очи, па гледам, нема потреба друг да ми кажува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вели, таа ми била прекрасен дар што особено ме краси и ме прави различна од другите, а кога ќе почнам да се поплакувам и да кажувам колку сум очајна, а никако не горда и задоволна, таа сè ќе стори да ме разубеди, но попусто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Особено ме фрапира симболиката и нежноста на романот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Особено ме фрапира загадувањето на реката Дрим и преку него вештачките езера Глобочица и Шпилје.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)