особено (прил.) - треба (гл.)

Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и/или полово вознемирување (чл. 43, ЗРО). 6.  Структурата на договорот за вработување е законски регулирана, и тој особено треба да содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот го склучува договорот, со краток опис на работата што ќе ја врши; 4) место на вршење на работата – а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 5) време на траење на работниот однос – кога е склучен договор за определено време; 6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секое толкување на соновите Како што одамна рекле и Фројд и Јунг И како што подоцна се потврди И во еден македонски роман за сестра му на Фројд Секое толкување на соновите Значи е разоткривање на сонувачот И раздиплување на неговата сонувачка постела При што особено треба да се води сметка За стриктно почитување на приватноста на сонувањето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)