онака (прил.) - не (чест.)

Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа само замавна со раката и рече: „Ќе го оставиме ручеко за некој друг пат. И онака не ми се јади.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И онака не можам ништо да изгубам.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Исак веднаш ја отвори книгата за теоријата на веројатност, за да се потсети како гласеа некои од правилата што ги имаше подзаборавено, бидејќи поминаа веќе 10 години од завршување на образованието, кое и онака не му послужи многу на работното место што го имаше сите овие години наназад.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
СТЕВО: Види мамо, тебе и онака не знам како да ти објаснам некои работи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Денеска е недела. - Ако де. И онака не верувам во хороскоп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
КАЈМАКАМОТ: И јас се имам откажано. Ништо и онака не може да се разбере до крај.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)