онака (прил.) - како (прил.)

И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Началникот на училиштето ја ценеше Гоцевата способност, даровитост и ум.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Касарнската дисциплина беше попуштила, исто онака како што попуштаат обрачите на бочва од туршија, кога ќе стои на сонце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе имате тројца или четворица луѓе за врска, кои одвреме навреме ќе бидат обновувани, онака како што ќе изчезнуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние тука ќе се задржиме на конечната, совршена верзија, онака како што беше претставена во Единаесеттото издание на Речникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој мислеше на нејзиното голо, младо тело, онака како што го гледаше насоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тактиката и настапот на Рада беа совршени. Сѐ одеше онака како што замисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното доаѓање беше онака како што таа го замислуваше. Спектакуларно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Онака како што прават специјалците во очекување на заповед да ги нападнат голораките граѓани на претседателот, од благодарност за дадената доверба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наслушнувањето на соговорникот ме примора, исто онака како што дојдов – брзо и сама, да заминам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ одеше мазно, без опирање, онака како што сакаше самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Живее далеку и има многу свои грижи и задолженија, а и тоа чувство за нас го искажува онака како што може и умее.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чувствував дека сум сѐ уште многу мала, а тој татко ми ме исполнуваше со стравопочитување и знаев дека самиот ќе реши онака како што е најдобро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рози си ја избриша солзата со зглобот од раката, онака како што прават децата, и потоа со детска наивност таа нагласи, „Тогаш ние ќе се ослободиме од неа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Финалето беше онака како што и се очекуваше – секој ја ебеше во по една дупка дебелата Симона.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Добро е, почнуваш да размислуваш онака како што ти налага ситуацијата. Полека стануваш еден од нас Алек.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чекорев со притаена желба да го најдам Шумшул - град, онака како што ја нашол еднаш Америка прочуениот морепловец Колумбо. Не заради слава. Просто од љубопитност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби тоа било онака како што се случува завидливите да се тешат со својата морална чистота, иако, од кажувањата на Методија, можев да сфатам дека Симон не бил обземен од чувство на неуспех.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ВР е епистемолошка меѓа, нова стварност, којашто ја делиме исто онака како што ја делиме реалноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бидејќи и тој не му го знаеше родното семејно име, го викаше онака како што го знаеја по чаршиски прекар - Курназот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оттогаш сѐ помалку зборуваше. Молчеше онака како што молчат луѓето кои чекаат нешто, со некаква напрегнатост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ги повторуваше оние зборови за заминувањето, ама по тоа како ги премолчуваше, знаев дека чека да се остварат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
О, колку бевме среќни што сепак дојде до прекин со Сталина, а и сталинизмот не се доразви во нашата земја онака како во соседните сталинистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Добро, се сложувам со тебе, можеби и не било сѐ токму по тој ред, како што јас си претпоставувам, но ако имало барем малку мајчинско чувство во неа, морала да постапи така, морала да се наоѓа само неколку чекори зад ќерка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и му ветил дека нема да му ја заборави оваа услуга, ако ја изврши нарачката онака како што тој бара.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Зар не е блиску до умот дека токму така можело тоа да се случи!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напротив, сметам дека сето време ја следела ќерка си, се прикрадувала зад неа, сакала да се увери дали Аксја ќе постапи токму онака како што била посоветувана, според напатствијата што самата ѝ ги дала...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ХРИСТОВ: Не. Тоа - никако. Вие многу добро знаете какво мислење имам јас за Иванов и како се однесувам кон неговите решенија? Нека биде онака како што решил тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)