одозгора (прил.) - и (сврз.)

Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доста си носи едно сандаче црно со две клучиња и со рачка одозгора и една бовча со пљачки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И погачи донесоа подлеани со јајце одозгора и со дупчиња на корката, зацрвенета ко жар, ко сушно лето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)