одозгора (прил.) - во (предл.)

Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
О'Брајан гледаше одозгора во него, сериозно и истовремено тажно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко ми слегуваше од одајата одозгора во тоа време.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сега стана јасно дека злосторот не му давал мир, дотолку што, изгледа, Партијата, интерно, му ставила забелешка што не ја дочекал веќе испратената наредба одозгора во врска со масовните стрелања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оџите од џамиите се јавуваа веќе двапати, гледајќи одозгора во ноќта како буфови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
О'Брајан гледаше одозгора во него, со израз на лицето кој навестуваше дека истите мисли и нему му минуваат низ умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)