одличен (прил.) - го (зам.)

Софроние, кој одлично го зборуваше турскиот јазик, и покрај силното напрегнување не можеше да ја погори скриената намера на султановото зборување; си думаше Ова не е тоа за кое сум повикан, па стануваше сѐ посомничав.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арена понекогаш ја опишуваат како колекција на визуелни документи од Бојсови објекти и перформанси од 60-ите и раните седумдесетти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но дури и посетителите коишто одлично го познаваат неговото дело и живот, наоѓаат дека инсталацијата е помалку okno.mk | Margina #15-16 [1995] 91 неразбирлива.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие се многу образовани и начитани и одлично го зборуваа англискиот јазик.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Него брат ми одлично го познавал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, нема шанса, нема никаква шанса тоа да се случи. - Ми ветуваш? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ќе значи дека ептен одлично го научил англискиот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу се дружеле тој и братучет ми Саше со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вие досега тоа толку одлично го правевте!..
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вие тоа одлично го знаете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„За ваму, Праведнику, за празникот што непрекинато се одвива тука, на небесниот Јерушалаим”, одговори гласот на Невидливиот на арамејски јазик, којшто Шабтај одлично го разбираше, иако никогаш во животот не го беше чул.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да не останам покусо, плукнав и јас, мошне задоволен што тоа веќе одлично го научив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)