одеднаш (прил.) - пред (предл.)

И во ниеден миг не можеше да си замисли како тие, се уште деца, можат да гинат, да ги распарчуваат топовски гранати, да ги жнеат рафали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најчесто излегуваше на ритчето, крај гробиштата, и оттаму ги гледаше бараките, коњушниците и луѓето што по цел ден се сноваа де ваму, де таму; долгите црни редови пред казаните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одеднаш пред нив излезе раскрсница.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас нагазив. И одеднаш пред мене се појави камион. На свиокот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тук одеднаш пред себе гледам Не знам чинка ил стварност беше Сликари платна оптегнале сегде Пејзажи красни пред очи се шират Љубопитна толпа крај себе збираат Разно-разни вешти портрети, па Забавувачи со марионети овде-онде тезги со секакви книги Аристотел, Набоков, Сартр Чиниш си на Мон Мартр.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)