оддалеку (прил.) - го (зам.)

И уште оддалеку го позна и се затресе. Се исплаши ли, или се засрами?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа оддалеку го пленеше погледот, со своето вито минаре, највисоко на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Носниците на мачорот го душкаа ноќниот воздух и оддалеку го намирисаа грабливецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долго веќе не беше помислил на него, со години, со векови, му се чинеше, уште од оној пат кога последно, оддалеку го виде Тарс.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрча кон шумата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
3. Оддалеку го чувствував неговото пловење: крилјата здивот летот Водениот мирис.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ване оддалеку го слушна Звонко како прашува, постар брат помлада сестра: - Прашај кој бара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрчна кон шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие оддалеку го гледаат снегот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)