одвреме-навреме (прил.) - навреме (прил.)

Па одам, одвреме навреме во „Св. Димитрија“ ... Палам по некоја свеќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Исто онака како кога дедо ќе ми ја ставеше раката на главата и ќе ме помилуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој најмногу за тоа му се доверуваше на директорот на Институтот за нацинална историја Андреј Георгиев, каде, одвреме навреме, преведуваше стари отомански записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Истите слики, и тој, одвреме навреме, ги ставаше над своето работно биро.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Почнуваше да добива нејасна идеја дека Ризо не е обичен Вечен Студент - дека одвреме навреме тој мал наредник успева да фати понекој одблесок на вистината. 16 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таму се собрани сите жители на градот - и градските великодостојници и занаетчиите, и свештениците и воините, и дамите и перачките, децата и старците, лекарите и рибарите, чесните и крадците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во часовите на работ од бессознанието, кога високата температура правеше само одвреме навреме да се освестувам, во таа полусвесност можев да ја видам мама, нејзиниот поглед во кој беше стрепетот за мојот живот, нејзините раце кои ми редеа ладни крпи на челото, кои ги соблекуваа од мене испотените алиштенца и ми облекуваа нови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето кога луѓето сѐ уште верувале дека земјата е рамна како плоча, во времето кога тие трепереле при помислата на Страшниот Суд, се плашеле од пеколот и му се надевале на рајот, во секој од градовите било вообичаено одвреме навреме лудите да бидат заробени во кафези и да бидат однесени на плоштадот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По подот одвреме навреме претрчуваше по некој стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во просторијата полека стануваше мрачно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште не се беше смрачило кога се уморив, и престанав да чекорам по станот, а моите сестри и натаму ги разгледуваа албумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во исто време моите сестри ги гледаа албумите со стари фотографии – се смееја на облеките што ги носевме половина век пред тоа, на сериозните лица, на згрчените тела во мигот на фотографирањето, и одвреме навреме слушав по некоја воздишка, сигурно за некој од починатите од фотографираните, веројатно најмногу за децата на Роза и Марие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И понекогаш, кога мојот поглед ќе се впиеше во нејзиниот поглед, нејзините очи одеднаш се менуваа, таму каде што беше стрепетот се јавуваше омраза, а нејзините усни ги изустуваа зборовите од кои се плашев како од смрт: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Возилата кружеа по еврејскиот кварт во кој живеевме и само одвреме навреме застануваа за во нив да бидат натоварени уште луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоеја потпрени и безмолвни. Само во навирените очи, одвреме навреме ќе им запливаше некоја риба мрена, или некое пламенче ќе им заиграше и ќе се стопеше во гурелавите ќошиња на очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се погодуваат - Едип праќа одвреме навреме по неколку грошови дома. Човек на човека поможува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доаѓаше сликарот, ги погледнуваше одвреме навреме сликите од Столпник и сè поупорно настојуваше да го прати татко му во сликарско училиште. Во тоа и успеа. Еден ден татко му се согласи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Под него се наоѓаше везировиот тркалезен печат, поделен на две нееднакви полиња: на поголемото пишуваше: Јусуф Ибрахим, вистински роб божји, а на помалиот везировата девиза: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму кога тоа го наредуваше – беше мирно утро кон крајот на летото – му ја донесоа молбата на еден млад и учен цариградски муалим, кој беше родум од Босна, инаку многу надарен за пишување убави стихови и кого везирот одвреме навреме го даруваше и му помагаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред него беше мојата биографија. Ја загледуваше одвреме навреме во вообичаениот разговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира никој не се осврнувал на неговите дописи, некои дури и го сметале за споулавен дипломат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доказот беше пред мене Крај Бургиба стоеше министерот за надворешни работи Каид Есебси, кој одвреме навреме дискретно го придружуваше претседателот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се нашол еден од министрите одвреме навреме да подчитува по некој од дописите на стариот дипломат, првин повеќе од забава, отколку од потреба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе имате тројца или четворица луѓе за врска, кои одвреме навреме ќе бидат обновувани, онака како што ќе изчезнуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку секунди имаше чувство како да се вратил во ноќниот кошмар што му се јавуваше одвреме навреме низ целиот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, одвреме навреме пробуваше чоколада од парчето што му го даде таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше можно, дури помисли така зашто одвреме навреме нешто како да му ја скокоткаше ногата - како да има и некое поголемо парче корка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седеа разговарајќи со часови на правливиот под со расфрлена слама, станувајќи одвреме навреме час едниот час другиот, за да фрлат поглед низ пушкарниците и да се уверат дали некој доаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невозможно е да се избегне, можеби може само да се одложи: а сепак, наместо тоа, одвреме навреме и со свесен чин на сопствената волја човек одбира да го скрати интервалот пред тоа да се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На градите од неговата униформа одвреме навреме капнуваше по малку крв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На почетокот тапа болка, нешто како да е нагризено од ракијата, на едно место, ама сега, одвреме навреме како да лазе по целата внатрешност.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зад таа невидлива линија на која брановите, одвреме навреме, ѝ го менуваа местото, се криеше новиот предизвик на судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- А каде е оној мојон, Бушавион – повторно се вознемирив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наеднаш жената која одвреме навреме заличуваше на тетка Боса ги приближи усните до моето уво и тихо ме предупреди: - Внимавај! Внимавај!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот постојано заскитуваше по некои патишта и предели што само тој ги знаеше и притоа одвреме навреме се насмевнуваше. Густира ама со тажно срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Политичкиот комесар, кој одвреме навреме влегуваше во земјанката и внимателно го слушаше разговорот на борците на ДАГ со членовите на анкетната комисија, го построи одредот и, покажувајќи на Јани, рече : - Зошто, бре ти, си запнал - та куќата, та жената, та децата, та овците, та амбарите, берикетот, пљачкањето, апсаните, судовите, тепањето, стрижењето, пцуењето и што ли уште не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одејќи, одвреме навреме со влажната шамија си ги омекнува испечените усни за да го тргне од нив оганот и да ја подгасни жедта; колку за да омекне сушата што ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Перса не се меша во нејзиниот монолог, одвреме навреме ја охрабрува со очите докрај да се отвори, докрај да се ослободи од товарот на минатото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пријатели? Роднини? Соборци? Ах, секако по еден двајца од нив, седат крај двенатри скрпени масички од секакви штичиња и го мезетат минатото, ги џвакаат сеќавањата налевани со слаба комовица, се гледаат еден со друг и не си веруваат дека се живи и одвреме навреме се поттупнуваат колку да проверат дека навистина се живи дека се токму тие што се околу масичето и така изминуваат денови и ноќи и тие двајцата се симнуваат подолу со тренто стиснати еден до друг без да знаат дека се еден до друг и подолу на попатна станица зад која може да се најде Дубруву тропаат од врата до врата бараат Игејци такви и такви од тоа и од тоа село
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)