одвреме-навреме (прил.) - во (предл.)

А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги изеде двата кроасани потопувајќи ги одвреме-навреме во големата тркалезна шолја исполнета со бело кафе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одвреме-навреме во текот на XIX век ние имаме обиди да се пишува на македонски, но поради некои историски причини тие обиди не се овенчаа со успех каков што би можело да се очекува од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да ја преболува без престан за да ја долови, одвреме-навреме во самракот на кажаното. Од другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Французинот се расправаше со главата од јагнето; дел по дел ја разглобуваше: ги отчали првин долните вилици и ги изеде кревките меса на нив, потоа јазикот, па очите, па отворајќи го черепот, го измолкна мозокот со прст, го изеде, па почна да чепка по мевцата околу образите и вратот; ковчињата ги редеше пред себе на купче; погледнуваше одвреме-навреме во учителот и продолжуваше дел по дел да ја рзглобува главата како искусен хирурх.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)