одвреме-навреме (прил.) - му (зам.)

Јас ќе работам, ќе те почитувам, ќе те хранам и издржувам според обичајот на еврејските мажи коишто вредно работат, ги почитуваат, хранат и ги издржуваат своите сопруги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам оти и роднините на дед Павел, од Русија, оние што одвреме-навреме му се јавуваа со писма, намерно ја криеја од него вистинската положба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој се смееше на нејзините досетки, ја вртеше чашата низ раката и одвреме-навреме му покажуваше на шанкерот да дополни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)