одвреме-навреме (прил.) - го (зам.)

Но, кога забележа дека републичкиот секретар со видлив интерес и климање со главата одвреме-навреме го следи говорникот, се предомисли да реагира.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги гледаше зад стаклото, толку светли на прозорецот на вагонот, над градовите кои одвреме-навреме го кинеа пејзажот...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и Водачот одвреме-навреме го повикува на консултации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јадеа и молчеа. Се слушаше само џвакање кое одвреме-навреме го прекинуваше Кала.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Петар кој одвреме-навреме го чисти виртуелниот простор од реалните мртовци?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Одвреме-навреме го креваше погледот кон огромното лице што гледше во него од спротивниот ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи, нешто слично на она што одвреме-навреме го прават на Десет дена (колку, толку, бериќатврсен) Крушевска Република - импровизиран напад на градот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)