одвај (прил.) - забележлив (прил.)

Генералот Кикицас, кој уште од младини, од деновите на школувањето во воената академија, таму во далечните триесетти години, беше близок пријател на Маркос, со кого го формира Главниот штаб на ДАГ, значително, но одвај забележливо погледна на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По клупата околу ѕидот проструи одвај забележливо раздвижување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одненадеж чув шепотење, одвај забележливо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- И срцето силно ќе му зачукаше, а по сувото бледо лице ќе му се разлееше одвај забележливо руменило, коешто гавореше за неговата возбуденост и нестивнат копнеж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Притоа одвај забележливо мрмореше некаква румба, подигрувајќи во такт.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далеку од брегот, одвај забележливо, некој пливач се бореше со морето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Марија се насмевна одвај забележливо...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ги прекрстија своите бавни погледи, едниот одвај забележливо ги крена рамениците.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По поттурнувањето на вратата за да влезе, сега, додека стоеше зад Жолтко, мокрите долги прсти на жената одвај забележливо се движеа кон неговите рамиња.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ги прекрстија своите бавни погледи, едниот одвај забележливо ги крена рамената.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)