одвај (прил.) - видливо (прил.)

Се навали на патерицата и, одвај видливо дигајќи ја левата рака, замавна. За збогум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На картите со молив, одвај видливо, беа внесени правците на патувањата, бројки што означуваа растојанија и други што означуваа дати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во нив, во свежата зора се мени првичниот зрак на сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најновово творештво ми е некаков тип рециклирање, некаква „пренамена” на веќе употребени, главно стари предмети, им го менувам контекстот, но не драстично како Дишан, на пример, туку, така, камелеонски, одвај видливо, некакви аранжмани што ја вклучуваат и димензијата на мирисот. 82 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Фимка одвај видливо се насмевна и праша: - Од кога не си ги собула? - Ами да знам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај видливо треперат листенцата на маргаритките, лесно се навалува високата трева, бранува. Над неа – разиграни пеперутки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)