одвај (прил.) - видлив (прил.)

Онаму далеку, далеку, одвај видливо со голо око, мал свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во нагризената ограда од спротивната страна, брестовите гранки одвај видливо се нишаа на ветрето, а нивното лисје се лелееше благо во густи маси како женска коса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пораснува пламенот во огништето и врз ѕидот растат нивните сенки и одвај видливо потулени воздишки ја испрекинуваат тишината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)