одвај (прил.) - забележлив (прид.)

Напротив, „означителот на означителот“ го опишува движењето на говорот: се разбира, во неговиот искон, но денес се претчувствува дека еден искон чија структура се спелува на тој начин - означител на означителот- самиот се разнесува и брише во своето сопствено продуцирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во него означеното секогаш функционира веќе како означител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По пат на една одвај забележлива нужност, сѐ се одвива како поимот на писмото, престанувајќи да означува една партикуларна, изведена, помошна форма на говорот воопшто, (сфатен како комуникација, релација, експресија, значење, конституирање на смисла или мисла, итн.), престанувајќи да ја означува надворешната скрама, непостојаниот дупликат на еден главен означител, означителот на означителот, да почнува да ги пречекорува границите на протегањето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Програмата Сепак, преку едно бавно движење чија нужност е одвај забележлива, сѐ што, барем од пред дваесетина века, се стремеше и најпосле успеа да се прибере под името говор, почнува да допушта да биде сместено, или барем подведено, под името на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таму кадешто секоја недела и секои празник гласно биеле црквените камбани - молитвите биле неми, зборувале само очите, се молеле челата, образите, метаниите ниски, ниски до самоти земја допирана со чело, одвај забележливите движења на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај забележлив, некаде под тревата исплашено и испрекинато се одгласи цвркот на штурец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа била, во дамнешните времиња, таканаречена врата за послуга; беше неупадлива, тесна, одвај забележлива во сенката.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше секогаш со ведната глава ама никогаш без една чудесна блага и одвај забележлива насмевка на усните што му се ширеше по целото лице.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вангел, реков веќе, е сунизок и здрав, но кога ќе се загледаш внимателно, ќе видиш дека преку лицето му сени една одвај забележлива сенка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ПОЦКО: Не ти е тешко безбели тоа две-три оки жива мера, кога носиш на грб двесте-триста оки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Доаѓа од градот нестрпливо забрзан, се обѕрнува и вика, со одвај забележлива циганска интонација.) Ајде, поитај, бре Ампо, немој така како непоткован коњ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Додуша натрупаниот снег и едните и другите ги правеше приближно исти, само растреперената душа на Пелагија како да открија одвај забележлива разлика, некаков крцкот што не доаѓаше од тлото на земјата, туку негде од погоре, скоро знаеше кој ќе се појави со Танаско уште пред да се отвори вратата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури и ако наидеме на некој белег од поразите по упорното копање во себеси Тој одвај забележлив срамен податок Ќе побрзаме во првото утро да го измиеме На кладенецот на заборавот со рацете на сонливиот Пилат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во воздухот над градот, околу луѓето што се примолкнуваа се распростираше слаб, одвај забележлив мирис и тој дојде до Носот на градот, разложувајќи се во сеќавањата како млеко, сирење, сладолед, масло. Клик-клак.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)